Twitter | Search | |
Зоран Заев
Официјален Твитер профил на Премиерот на РСМ и претседател на СДСМ. 🇲🇰 Official Twitter account of the Prime Minister of RNM and the President of the SDUM.
5,317
Tweets
570
Following
15,629
Followers
Tweets
Зоран Заев 16h
На средбата со , Ине Ериксен Сореиде и амбасадорката Арне Санес Бјорнстад, добивме силна поддршка за евро-атлантските интеграции и за покажаното политичко лидерство во нашата држава што придонесува за стабилноста и безбедноста во регионот.🇲🇰🇳🇴 ➡️
Reply Retweet Like
Зоран Заев Jun 25
Replying to @Zoran_Zaev
Огромна благодарност на сите генерации членови на „Танец“. Цела низа генерации успеаа да го одржат континуитетот на чување на високите вредности што цели седум децении го прават горд нашиот народ. Нека е честит големиот јубилеј и нека ни е вечен „Танец“!
Reply Retweet Like
Зоран Заев Jun 25
Вечерва присуствував на одбележувањето на 70 години од основањето на НУ Ансамбл „Танец“, кој цели 70 години е симбол на нашата национална култура и уметност и вистински репрезент на македонското фолклорно творештво на целата земјина топка.
Reply Retweet Like
Зоран Заев Jun 25
Драги пријатели од Словенија, нека ви е честит Денот на државноста! Нашите земји ги спојува традиционално пријателство и овие честитки и убави желби се од срцето на сите наши граѓани. Заедно да чекориме кон нови успеси и остварување на безбедна и стабилна иднина на регионот. 🇲🇰🇸🇮
Reply Retweet Like
Зоран Заев Jun 24
Светскиот ден на јавните службеници повикува на мисијата на јавните службеници, на тоа дека вработените во јавните служби работат за граѓаните и им служат на сите без исклучок. Ви благодарам за ангажманот со кој ги сервисирате граѓаните!
Reply Retweet Like
Зоран Заев Jun 24
Replying to @VladaMK
Стратешка определба на e да ја гради нашата земја според концептот Едно општество за сите. Да продолжиме мотивирано да ги развиваме меѓусебните односи и да придонесеме за квалитетен живот и сигурна евроатлантска иднина на Република Северна Македонија.
Reply Retweet Like
Зоран Заев Jun 24
Честитки до сите граѓани на нашата земја кои денеска го одбележуваат 24 јуни - Денот на балканските Египќани. Египќаните се дел од нашата богата историска и културна традиција, кои и денес активно придонесуваат во демократските процеси, достигнувањата и развојот на државата.
Reply Retweet Like
Зоран Заев Jun 23
Replying to @Zoran_Zaev
Со плаќањето данок, граѓаните вложуваат во напредокот на државата.
Reply Retweet Like
Зоран Заев Jun 23
Можноста за поврат на 15% од ДДВ ќе биде достапна за сите граѓани со наполнети 15 години, кои се регистрирани на системот на УЈП и кои од 1 јули ќе ја преземат одговорноста редовно да ги земаат фискалните сметки на продажните места, а потоа да ги скенираат преку мобилен телефон.
Reply Retweet Like
Зоран Заев Jun 23
Честитки за новиот европски првак во борење во слободен стил до 48 кг, Бесир Алили. Браво Бесир! 🏆🇲🇰 Задоволство е да се гледаат успесите на нашите млади. Ти благодарам од мое име и од име на граѓаните што нѐ направи горди и среќни и ти посакувам уште поголеми успеси во иднина!
Reply Retweet Like
Зоран Заев Jun 23
Replying to @Zoran_Zaev
Со реализација на втората фаза од оваа капитална инвестиција, во вредност над 24,3 милиони евра, ќе се овозможи квалитетно наводнување на над 2000 хектари земјоделски површини во валандовскиот регион и ќе придонесе за производство на конкурентни производи.
Reply Retweet Like
Зоран Заев Jun 23
Со крупните инвестиции како изградбата на системот за наводнување на јужновардарска долина, обезбедуваме услови за поквалитетно земјоделско производство, поголем приход за земјоделците и поголем економски раст.
Reply Retweet Like
Зоран Заев Jun 23
Replying to @Zoran_Zaev
Во текот на следната недела ќе бидат соопштени и останатите кадровски решенија во институциите на извршната власт за да заврши процесот до крајот на овој месец.
Reply Retweet Like
Зоран Заев Jun 23
Replying to @Zoran_Zaev
Сакам да им се заблагодарам на министрите што досега им служеа на граѓаните и на државата, Љупчо Николовски, Асаф Адеми, Драган Тевдовски, Сухејл Фазлиу, Хазби Лика и Зоран Шапуриќ.
Reply Retweet Like
Зоран Заев Jun 23
Replying to @Zoran_Zaev
Во определен период ќе ја преземам обврската на министер за финансии и оваа функција ќе ја извршувам заедно со функцијата Претседател на Владата на Република Северна Македонија.
Reply Retweet Like
Зоран Заев Jun 23
Replying to @Zoran_Zaev
До Собранието денеска ќе го доставам предлогот за нови министри: земјоделство, шумарство и водостопанство Димковски, животна средина и просторно планирање Нуредини, култура Исмаили, локална самоуправа Милевски и за политички систем и односи меѓу заедниците Дураки.
Reply Retweet Like
Зоран Заев Jun 23
Оваа година ја прогласивме за година за економијата. Влегуваме во таа насока со сите перформанси. Следуваат храбри решенија, храбри одлуки од кои бенефит треба да видат сите граѓани, во социјалниот дел, во делот на земјоделието, платите.
Reply Retweet Like
Зоран Заев Jun 22
Replying to @Zoran_Zaev
Средствата што се предвидени од централно ниво за патишта и за водоводи дополнително ќе им олеснат на општините, а средствата од нивните буџети за овие намени ќе ги насочат кон други потреби на граѓаните.
Reply Retweet Like
Зоран Заев Jun 22
Replying to @Zoran_Zaev
Со новиот Буџет за 2020 година ќе бидат земени предвид и финансиските потреби на општините. Со префрлените 51 милион евра за покривање на долговите на општините покажавме како Влада дека сме фокусирани да обезбедиме функционални локални заедници.
Reply Retweet Like
Зоран Заев Jun 22
На состанокот со Управниот одбор на ЗЕЛС разменивме мислења и ставови со цел натамошен квалитетен развој и имплементација на процесот на децентрализација и со тоа поквалитетни услуги за граѓаните на локално ниво.
Reply Retweet Like